Барселона пристигна во Лисабон – купува десен бек!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Функционерите на Барселона, Роберт Фернандес и Хавиер Бордас моментално се наоѓаат во Лисабон и ќе се обидат уште денес да го договорат трансферот на десниот бек на Бефика, Нелсон Семедо.

Каталонците немаат време да чекаат повеќе, под хитно им е потребен десен бек пред започнување на подготовките, а Нелсон Семедо би бил идеално засилување за таа позиција.

23-годишниот Португалец последните две сезони ги одигра фантастично во дресот на Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Манчестер Јунајтед, Сити и Јувентус го следат веќе подолго време, но Барселона е подготвена да ја победи конкуренцијата и веќе ги започна преговорите.

Првичната понуда на Каталонците изнесува 30 милиони евра, додека тимот од Лисабон бара 50 милиони евра за да го пушти играчот.

Сепак медиумите се оптимисти дека двете страни ќе најдат заеднички јазик, Барселона сака што побрзо да го комплетира тарансферот за да може играчот следната недела да отпатува со тимот на припреми во САД.