Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо нема да ја има таа чест фудбалерите на Барселона да му направат шпалир во чест на освоената титула на Светското клупско првенство.
Ѕвездата на „кралевите“ посака Барселона треба да им укаже почест и да направи шпалир, но спортскиот директор на Каталонците Гилјермо Амор е категоричен дека тоа нема да се случи на саботното „Ел Класико“.
„Ние јасно кажавме дека ја почитуваме ваквата практика само кога ние учествуваме во натпреварувањето. Ќе направиме шпалир ако и ние учествуваме во истото натпреварување, но ова не е таков случај“, посочи Амор.
Од актуелниот играчки кадар на Реал Мадрид, само Серхио Рамос ја имаше чест да помине низ тунел од фудбалери на Барселона и тоа во 2008 година кога пред меѓусебниот дуел, “кралскиот клуб” веќе ја имаше обезбедено титулата во Ла Лига.