Барселона објави 17 причини зошто Меси заслужи да биде најдобар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера на церемонијата во Милано ФИФА ги доделуваше наградите за најдобрите, пишува Спортски.мк.

Во конкуренција за главната награда се бореа Лионел Меси, Вирџил Ван Дајк и Кристиано Роналдо. Иако можеби изгледаше како Ван Дајк да е фаворит наградата ја освои Меси.

Изборот на Меси отвори голема полемика и дебата во фудбалскиот свет дали Меси заслужи да ја добие оваа награда.

Барселона секако застана во одбрана на својот најдобар фудбалер и објави 17 причини зошто Меси со право е избран за најдобар.

1. Освоена Ла Лига и Суперкупот

2. Најдобар стрелец во Ла Лига (36)

3. „Златна копачка“ на Европа

4. Најдобар стрелец во Лигата на шампионите (12)

5. Стигна до 600 гола за Барселона

6. Постигна најмногу голови од слободен удар (8)

7. Стигна до 400 гола во Ла Лига

8. Шести пат дава над 50 гола во сезона (51)

9. Стана рекордер по бројот на победи во Ла Лига (334)

10. Стана рекордер по бројот на победи во Барселона (447)

11. Стана рекордер по бројот на шампионски титули во Барселона (10)

12. Најмногу асистенции во Ла Лига (12)

13. Освои бронза на Копа Америка

14. 11-та сезона во низа во Ла Лига постигнува над 20 голови

15. Постигна 51 гол во Копа Дел Реј и пред него е само Жоан Гампер со 64

16. Стигна до 50-тиот хет-трик во кариерата (44 за Барселона, 6 за Аргентина).

17. Стана прв играч кој постигнал барем еден гол на шест различни финалиња во Копа Дел Реј