Барселона му постави ултиматум на Рабио


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Плејмејкерот на Пари Сент Жермен, Рабио има рок до крајот на неделата да се изјасни дали сака трансфер во Барселона или не, пренесува каталонски „Спорт“.

Французинот влегува во последната година од договорот со ПСЖ, но се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина. Во четврток ќе има средба помеѓу неговите менажери и ПСЖ, на кој што треба да се реши иднината.

Во „Камп Ноу“ знаат дека големи се шансите Рабио да потпише нов, долгорочен договор со „светците“. Меѓутоа, дури и тоа да не се случи на средбата, Барселона нема уште долго да чека одговор од Рабио.

Новиот тренер на ПСЖ, Томас Tухел исто така јавно го повика Рабио да донесе одлука.

„За мене е многу важно да имам во тимот такви играчи, но има едно големо НО поради ситуацијата со неговиот договор. Самиот треба да реши што да прави“, изјави Тухел.