Барселона ја „краде“ ѕвездата на Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтерсиран за дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајрелд.

Алдервајрелд има договор со лондонскиот клуб до 2020 година, но во него има клаузула која вели дека тој може да си замине во 2019 година за откупна цена од само 25 милиони фунти.

Тотенхем веќе му понуди нов договор на Белгиецот, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик, а Барселона внимателно ја следи ситуацијата.

Алдервајрелд е еден од најдобрите играчи на Тотенхем во последните три сезони, па покрај Барселона и многу други европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Каталонците се во пол-позиција за неговиот потпис.