Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона е заинтересирано за дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација, Матиа Де Шиљо.
„Мундо Депортиво“ открива дека спортскиот директор на Каталонците, Ариедо Браида бил на „Сан Сиро“ во неколку наврати да ги следи настапите на Де Шиљо и сака да го донесе на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.
Барселона е во потрага по квалитетен десен бек кој ќе може да го замени Дани Алвеш, а Де Шиљо е прва мета бидејќи подеднакво добро може да игра и како лев и како десен бек.
Притоа, иако е доста искусен има само 23 година па би бил долгорочна инвестиција на Каталонците кои се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.
Сепак, тешко дека „росонерите“ ќе се согласат на негова продажба бидекќи Де Шиљо е стандарден првотимец и еден од најдобрите во тимот на Монтела.