Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона веќе работи на привлекување на нов голман, кој ќе го заземе местото на Јаспер Силесен.
Многу е веројатно дека на крајот на сезоната Силесен ќе си замине од „Камп Ноу“ бидејќи повеќе не сака да му биде замена на феноменалниот Марк Андре Тер Штеген.
Холандскиот голман ќе побара да замине во потрага по поголема минутажа, а според каталонските медиуми Барселона веќе му нашла замена.
Според „Радио Каталуња“ од клубот се поврзале со агентите на голманот на Ајакс, Андре Онана, кој има феноменална сезона.
Онана е прв голман на Ајакс, а во Амстердам пристигна токму од Барселона, па сега Каталонците сакаат да си го вратат во своите редови 22-годишниот Камерунец.
Наводно Ајакс нема да му стои на патот и за слободата на голманот бара 20 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.
Силесен кој е прв голман на холандската репрезентација, сигурно по завршувањето на сезоната ќе биде продаден, бидејќи не сака повеќе да ја грее клупата и да го запира својот развој.
За него интерес постои од неколку европски клубови, пред се од Премиер лигата, па со неговата продажба Барса ќе го финансира доаѓањето на Онина.
Ако се реализира овој трансфер Онина ќе биде вториот играч на Ајакс кој од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на клубот од Камп Ноу, затоа што добро е познато дека е договорен трансферот на Френки Де Јонг.
https://youtu.be/IcdzOHtGuWE