Барселона го губи трпението – му постави ултиматум на Дембеле


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Осман Дембеле ги троши последните кредити во Барселона и многу е блиску да стане најскапото промашување во историјата на фудбалот.

Челниците на Барселона се разочарани од непрофесионалниот однос на Дембеле и тоа не само поради доцнењето на тренинзи. Тој воопшто не живее професионално, односно не се придржува до исхраната која ја наложуваат клупските нутриционисти и по цели ноќи игра видео игри.

Живее живот на пребогат тинејџер, а на постарите фудбалери во тимот тоа воопшто не им се допаѓа, па затоа Луис Суарез побарал од Ернесто Валверде, Дембеле да биде исфрлен од првиот тим и да тренира со Б-тимот.

Барселона има проблеми со Французинот уште од првиот ден кога пристигна на „Камп Ноу“, иако за него плати повеќе од 100 милиони евра. Поради тоа клубот сега воведе ново правило, па при купувањето на млади фудбалери како Дембеле ќе мора прво тим на психолози да прават процена на неговата ментална состојба.

Последниот испад кога го пропушти утринскиот тренинг затоа што цела ноќ играл видео игри со пријатели, беше капка која ја прелеа чашата. Каталонски „Спорт“ пишува дека Дембеле добил ултиматум од Барселона да го поправи својот однос до крајот на оваа година или во спротивно ќе биде продаден.

И покрај се, за него силен интерес покажув Јирген Клоп кој сака да го доведе Французинот во Ливерпул, како и ПСЖ чии тренер Тухел веќе работеше со Дембеле.