Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид и Рафа Бенитез минатата сезона беа предмет на потсмев кога поради превид беа елиминирани од Купот на кралот. Тогаш „кралевите“ во игра го ставија Чиришев кој немаше право на настап, а ривалите едвај дочекаа да се потсмеваат со Реал.
Најгласни во смеењето беа Каталонците, а минатиот викенд на гостувањето кај Сосиедад малку недостасуваше да ја повторат грешката на Реал.
Бразилскиот дефанзивец Марлон Сантос пристигна во Барселона минатото лето од Флуминенсе, па за малку може да остане запаметен по дебито кое не смееше да се случи. Луис Енрике неодамна го приклучи Бразилецот во првиот тим, па дури и му даде шанса во Лигата на шампиони против Селтик.
Марлон веше дел од екипата и на натпреварот против Сосиедад и беше спремен да влезе во игра кога на повреда се пожали Жерар Пике. Се беше спремно Бразилецот да влезе во игра, па дури доби и совети од помошникот, но потоа Пике ја стопраше измената бидејќи не се работеше за сериозна повреда.
Тоа можеше скапо да ги чини Каталонците бидејќи Марлон нема право да игра во Примера и во Купот. Имено, регистрацијата на Марлон не била направена во соодветен рок и Бразилецот не добил работна дозвола за Шпанија, па ќе може да игра дури после отварањето на зимскиот преоден рок.
Тоа не важи за Лига на шампиони бидејќи потребната документација за играње во Европа била средена на време!
Луис Енрике и стручниот штаб не знаеа дека Марлон не е регистриран за настап, па малку недостасуваше да направи грешка и да го загуби натпреварот со службени 3:0.