Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во Шпанија пренесоа денес дека челниците на Барселона за Меси спремиле договор каков што нудат кинеските клубови, само да го убедат Аргентинецот да остане на „Камп Ноу“.
Барселона е одлучна во намерата да го задржи Меси во своите редови, па дури и по цена Тој да биде далеку најплатен фудбалер на светот.
Имено, „Марка“ денес објави дека Барса во наредните неколку недели ќе се обиде да ја заврши работата околу новиот договор на Меси и така да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
Договорот на Меси истекува на крајот на наредната сезона, а раководството на каталонскиот клуб му понудило договор до 2021 година според кој ќе заработува неверојатни 35 милиони евра по сезона.
Минатата недела низ медиумите се појавија шпекулации дека Меси следната година би можел без обештетување да ја напушти Барса, а тоа е Каталонците сигурно нема да го дозволат. Поради тоа спремиле понуда која Меси нема да може да ја одбие.