Барса се обидува во невозможното, да се засили од Реал Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Луис Енрике на крајот на сезоната готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а прва мета на Каталонците ќе биде тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли.

Сампаоли прави чуда со тимот на Севиља оваа сезона и неговиот тим е пред Барселона на табелата, па Каталонците ќе направат се за да го донесат на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, тоа не е главната вест која ни доаѓа од Шпанија денес. Медиумите тврдат дека Барселона ќе се обиде да го купи играчот на Реал Мадрид, Иско.

Договорот на Иско истекува за 18 месеци, а нема најава дека ќе ја продолжи соработката. Младиот плејмејкер е незадоволен од својот статус на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да ја промени средината.

Барселона сака да ја искористи таквата ситуација иако изгледа како „невозможна мисија“ бидејќи интерес за Иско покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, а „кралевите“ сигурно нема да го пуштат кај најлутиот ривал.