Барса потврди: Суарез останува до 2022 година!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преговорите се завршени и во наредните денови Луис Саурез ќе стави потпис на нов договор со важност до 2022 година, потврди првиот човек на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу.

Претседателот на Барселона исткна дека клубот сакал со Суарез да потпише подолг договор, иако Уругваецот за пет години ќе го прослави 35 роденден.

„Договоривме нова соработка со Суарез. Сѐ е завршено, останаа само уште некои ситни детали. Во наредните денови ќе го официјализираме договорот“, потврди Бартомеу.

Суарез во Барселона е веќе трета сезона и со тимот освои по две титули во првенството и Купот и една во Лигата на шампионите.