Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу потврди дека клубот може да ја напушти Примера во случај Каталонија да успее да се избори за независност.
Повеќе од 90% Каталонци кои гласаа на референдумот се за независност. Каталонските власти тврдат дека вака изразената волја на народото е обврзувачка за отцепување и прогласување на независна и суверена Каталонија.
Барселона сега го чека расплетот од целата ситуација, а претседателот Бартомеу појасни какво решение ќе земе клубот во случај Каталонија да добие независност.
„Во случај на независност, клубот и неговите членови ќе одлучат во која лига ќе играме. Минуваме низ тежок, комплициран период. Со оглед на она што ќе се случи во иднина, ќе одлучиме мудро и смирено. Оваа ситуација се уште нема јасен исход. Невозможно е сега да се каже што ќе се случува. Сепак, ако дојде до независност на Каталонија јасно е дека ќе мораме да одржиме разговор со челниците на Ла Лига да видиме што и како понатаму“, изјави Бартомеу.
Каталонскиот министер за спорт Жерар Фигерас минатата недела изјави дека Барселона, но и другите каталонски клубови, ќе можат да играат во првенствата на другите земји ако Каталонија прогласи независност од Шпанија:
„Во случај на независност, каталонските клубови од Ла Лига, Барселона, Еспањол и Џирона, ќе мораат да одлучат во чие првенство ќе играат – шпанското, италијанското, француското или англиското. На крајот секогаш им останува каталонското првенство“.