Барса понуди две ѕвезди и 40 милиони за Нејмар, ПСЖ кажа НЕ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар постојат, иако клубовите немаат директен контакт преку свои официјани преставници.

Весникот „АС“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба се водат преку посредници, а Барселона испратила интересна понуда од францускиот клуб.

Имено, Каталонците понудиле 40 милиони евра плус правата на Филипе Кутињо и Осман Дембеле за да дојдат до потписот на Нејмар.

Меѓутоа „светците“ експресно ја одбиле таквата понуда. ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар, но сака да врати поголем дел од вложените 222 милиони евра, колку што платија за Бразилецот пред две години.

Барселона не може да плати таква сума после трансферот на Гризман, па инсистира во договорот да бидат вклучени некои од своите фудбалери.

Во меѓувреме Нејмар прави се што е можно за да го убеди ПСЖ да го пушти да се врати во Барселона. Бразилецот не е среќен во Париз и е спремен да ја намали својата плата само за да се врати на „Камп Ноу“.

После трансферот на Гризман кој чинеше 120 милиони евра, Каталонците не се спремни да потрошат голема сума за Нејмар, но сепак се оптимисти дека долгите преговори и желбата на играчот ќе вродат со плод и дека на крајот ПСЖ ќе прифати во договорот да бидат вклучени Кутињо и Дембеле.