Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Севиља синоќа направи подвиг и надоместо три гола негатива против Ливерпул, но сепак главна вест во медиумите е дека тренерот Едуардо Беризо боледува од канцер на простатата.
Претседателот на клубот од Андалузија, Хозе Кастро откри дека Барселона се понудила да го испрати медицинскиот тим за да му помогне на аргентинскиот тренер во лечењето.
Станува збор за истите доктори кои се грижеа за поранешната ѕвезда на Каталонците, Ерик Абидал, кога нему му беше дијагностициран канцер.
„Претседателот на Барселона ми се јави и ми понуди помош од страна на медицинскиот тим на клубот, кој веќе има искуство со вакви случаи. Мислам дека е фер јавноста да биде запозната со овој гест“, изјави Кастро, кој додаде дека Беризо мирно ја прифатил лошата вест и дека сигурно ќе остане тренер на Севиља.
Инаку веста за болеста на аргентинскиот тренер се појави веднаш после мечот против Ливерпул, а наводно тој тоа на играчите им го соопштил на полувремето.