Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Барселона одлучи на кој играч да му го понуди дресот со број 10, на истиот тој кој со години беше во лоши односи со Меси. Мундо Депортиво пишува дека веројатно ќе ја земе Кутињо.
Откако Лео Меси замина во ПСЖ десетката остана без сопственик, но нема да биде за долго доколку Кутињо, за кој се тврди дека ќе остане во Барса, ја прифати понудата.
Во клубот се надеваат дека Кутињо ќе стане еден од клучните играчи во тимот, а тоа го докажува и нудењето на бројот 10.
Кутињо во Барселона пристигна од Ливерпул во 2018. година во трансфер вреден 135 милиони евра, а откако не успеа да се избори за своето место во тимот беше испратен на позајмица во Баерн со кој во сезона 2019/20 ја освои тројната круна.
За Барселона одигра 90 натпревари, постигна 23 погодоци и запиша 14 асистенции.