Барса носи Италијанец да командува со одбраната!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Извесно е дека Барселона ќе мора значитечно да се засили ова лето, а приоритет секако ќе биде одбраната која ќе претрпи најмногу промени.

Шпанскиот медиум „Don Balon“ пренесува дека Барселона сериозно размислува да испрати понуда до Јувентус за нивниот дефанзивец Леонардо Бонучи.

Познато е дека Италијанецот е голема желба на клубовите од Премиер лигата, особено на Манчестер Сити, но Каталонците се спремни да ја победат конкуренцијата.

Наводно Барселона верува дека Бонучи ќе биде идеален партнер на Пике и вистински командант во одбраната, а походот по неговиот потпис ќе го започнат веднаш после финалето од Лигата на шампиони.

Трансферот е сигурно тежок за реализација, а доколку Јувентус се согласи да го пушти Бонучи тогаш сигурно тоа ќе биде за сима не помала од 55 милиони евра.