Барса со најдобра одбрана во светот: Ова е причината!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барслелона оваа сезона игра фантастично, а синоним за Каталонците оваа сезона е добрата одбрана.

Сепак, експертите тврдат дека германскиот голман Тер Штеген и францускиот централен бек Умтити се главната причина за добрите резултати во одбраната на барса под Ернесто Валверде.

Барселона во изминатите години беше позната по нејзината спектакуларна напаѓачка игра, но оваа сезона тимот е базиран на добрата одбрана.

Барселона оваа сезона има примено само 5 гола во 13 натпревари, што ја прави тим со најдобра одбрана во светот.

Ниту еден друг тим од 5-те најдобри европски лиги нема таква статистика. Атлетико Мадрид ја има втората најдобра одбрана со 6 примени гола. Maнчестер Јунајтед со 8, Манчестер Сити со 9 и Наполи со 9.