Барса најави рекордни приходи и нов напад на Кутињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона не се откажала од намерата да го донесе Филипе Кутињо на „Камп Ноу“, па шпанските медиуми тврдат дека Каталонците веќе спремиле нова понуда за јануарскиот преоден рок.

Во меѓувреме извршниот директор на Барса, Оскар Грау објави дека клуот очекува рекордни приходи кои ќе достигнат до 897 милиони евра за сезоната 2017/18, што е за 190 милиони евра повеќе од минатата година.

„Спремни сме да го донесеме Кутињо или било кој друг фудбалер посакуван од стручниот штаб уште во јануари. Сакаме да имаме што е можно поконкурентен тим, и тоа можеме да си го дозволиме бидејќи немаме финансиски проблеми“, изјави Оскар Грау.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да плати 110 милиони евра за Кутињо, па останува да видиме како ќе реагира Ливерпул на ваквата понуда.