Барса има проект од 110 милиони: Прави тим од соништата!

epa05817154 Marco Verratti of Paris Saint Germain reacts during a French Ligue 1 soccer match, Olympique Marseille vs Paris Saint Germain, at the Velodrome Stadium in Marseille, Southern France, 26 February 2017. EPA/SEBASTIEN NOGIER

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат каталонските медиуми Барселона веќе работи на летните засилувања, а примарни мети се двајца фудбалери – Хектор Белерин и Марко Верати.

Каталонски „Спорт“ денес пренесува дека Барселона спремила понуда од 40 милиони евра за десниот бек на Арсенал, кој после уште една разочарувачка сезона размислува да го напушти „Емирати“.

Белерин неодамна го продолжи договорот до 2022 година и заработува 150.000 фунти неделно, па сигурно е дека Барса ќе мора да му понуди исто или повеќе за да го доведе на „Камп Ноу“.

„Мундо Депортиво“ тврди дека примарна мета на Бара следното лето ќе биде Марко Верати, откако Денис Суарез и Андре Гомеш не се покажаа како доволно добри засилувања.

Чави и Иниеста неодамна јавно потврдија дека Верати е идеално засилување за Барса и испратија апел до раководството кое е спремно да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, прашање е дали тие ќе бидат доволни бидејќи ПСЖ нема да сака лесно да се откаже од својот плејмејкер.

Меѓутоа, најновите информации се дека Верати е разочаран од ПСЖ и дека на лето сам ќе побара од раководството да му биде дозволено да си замине.