Барса има „план Б“ за засилување во нападот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе биде наследник на Луис Саурез, а прва мета е секако Антоан Гризман.

Меѓутоа, Барселона има уште неколку отворени опции за напаѓач, а каталонските медиуми откриваат дека „планот Б“ се вика Маркус Рашфорд.

„Операцијата Гризман“ е прескапа и може да дојде до поделби во соблекувалната, па поради тоа Каталонците разгледуваат и други алтернативи.

Рашфорд изминатите две сезони се етаблираше во еден од најперспективните напаѓачи во Европа, па на „Камп Ноу“ сметаат дека би бил идеално долгорочно решение.

Сепак, Солскјер тешко ќе се откаже од својот „миленик“ кого го гледа како главен напаѓач во тимот следната сезона, со оглед на фактот што Лукаку е на излезна врата.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да понуди 100 милионие евра за младиот Англичанец.