Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека 100 милиони евра кои Атлетико Мадрид ги бара за Антоан Гризман не одговараат не реалната цена на Французинот.
Според „Марка“ клубот од „Олд Трафорд“ нема да се обиде да го ангажира Гризман во јануари, што значи дека Барселона ќе има отворен пат кон Французинот.
Manchester United will not rival Barcelona's interest in 26-year-old Atlético Madrid forward Antoine Griezmann. (Source: MARCA) pic.twitter.com/VAO5XTY1w6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 28, 2017
На списокот на Каталонците се наоѓа уште Филипе Кутињо од Ливерпул и Анхел Ди Марија од ПСЖ, но Барселона нема да прави повеќе од еден трансфер во јаниари.
„Марка“ пренесува дека реалниот проблем за Барселона и Манчестер Јунајтед е што клаузулата на Гризман во моментов е 200 милиони евра и така ќе биде до јуни 2018 година, кога ќе се намали на 100 милиони евра.
Поради тоа, најверојатно Французинот ќе остане во Атлетико до крајот на сезоната, а следното лето ќе избере еден од споменатите клубови.