Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешното издание на каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека постои договор помеѓу Нејмар и Барселона. Двете страни постигнале договор за петгодишна соработка.
Нејмар сака по секоја цена да се врати на „Камп Ноу“ и не поставил никакви услови, притоа веднаш се согласил на понудата која му ја доставиле Каталонците.
Нејмар во Париз заработува 36,8 милиони евра за сезона, а се согласил на драстично намалување на платата само да се врати „дома“.
Имено, Барса му нуди 24 милиони евра по сезона во наредните пет години, а Бразилецот порачал дека парите не му биле важни, туку едноставно сака да се врати во клубот во којшто бил среќен.
Во сезоната 2018/19 Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции. Тој играше за Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.