Барса и Манчестер Јунајтед приредија вистински спектакл на Камп Ноу (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фантастичен натпревар во Лигата на Европа одиграа Барселона и Манчестер Јунајтед, а на крајот резултатот беше 2:2.

Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, но и првото беше и тоа како интересно со многу шанси на двете страни. Најдобрите прилики ги имаа Вегхорст и Рашфорд, но Тер Штеген на двапати одлично интервенираше.

Првиот гол беше постигнат по само пет минути игра во второто полувреме. Маркос Алонсо кој во овој натпревар играше како стопер на асистенција на Рафиња ја погоди мрежата на Давид Де Геа.

Кратко траеше радоста на домаќините бидејќи Рашфорд ја продолжи својата одлична форма и по само три минути донесе изедначување. Веќе во 59-тата минута Јунајтед имаше 1:2, а сега автогол си постигна Жил Кунде.

Рафиња кој при првиот гол беше во улога на асистент постигна гол во 76-тата, иако неговиот обид беше да се нафрли. Продолжија да се редат шанси и до крајот на мечот, Рафиња брзо по голот повторно можеше да погоди, погодена беше стативата, тука беа Фати, Дембеле…Јунајтед се закануваше предку Санчо, Рашфорд, Фернандеш…Сепак не добивме победник.

Останува патникот во следната фаза од Лигата на Европа да се решава на „Олд Трафорд“.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Ајакс – Унион Берлин 0:0

Салзбург – Рома 1:0

Шахтјор – Рен 2:1