Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш неодамна ја разбранува спортската јавност откако го нападна раководството на својот бивши клуб.
Имено, Алвеш минатото лето после цели 8 години ја напушти Барселона како слободен играч, а пред неколку дена откри дека се решил на ваков чекор бидејќи бил разочаран од начинот на кој управата го третирала.
Во интервјуто Алвеш искажа многу критики и обвинувања кон раководството на каталонскиот клуб, а денес „Мундо Депортиво“, медиум близок до Барселона открива нова вистина.
Имено, Бразилецот изминатиов период во неколку наврати остварил контакт со Барса и се понудил да се врати на „Камп Ноу“. Весникот вели дека Алвеш тешко се привикнувал на животот во студениот Торино, а исто така имал потешкотии и при адаптацијата во тимот и соработката на теренот со новите соиграчи.
Барселона иако е во потрага по десен бек, сепак одбиле да го вратат назад Бразилецот и му објасниле дека неговото поглавје во клубот е завршено.