Спорт

Барса го тужи Сантос поради трансферот на Габигол

Фудбалскиот клуб Барселона го пријави во ФИФА бразилскиот Сантос и побарала обештетување бидејќи Бразилците не го испочитувале договорот кој го имале во врска со продажбата на младиот Габриел Барбоса Алмеида, познат како Габигол.

Според пишувањето на „Мундо Депортиво“, Каталонците имале право да го откупат 20-годишниот Бразилец, благодарение на договорот со Сантос кога овој клуб на Барселона и го продаде Нејмар во 2013 година.

Барселона тврди дека без нивно знаење Сантос, играчот му го продал на Интер и бара да биде обештетена со 7,9 милиони евра.

Кога Нејмар во 2013 година потпиша за Барселона, во купопродажниот договор била вметната клаузула дека Барса има право да го купи младиот напаѓач, а во случај Каталонците да се откажат тогаш тој да им биде понуден на другите клубови.

Од друга страна преставниците на Сантос тврдат дека два дена пред истекот на летниот преоден рок доставиле документација со која ги известиле челниците на Барселона за трансферто на Габигол во Интер.

Габигол во последните денови од летниот преоден рок премина во Интер за 29 милиони евра, но до сега одигра само 15 минути за тимот од „Џезепе Меаца“.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top