Барса го претстави Тобидо: Дојдов да учам од најдобрите (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона и официјално го претстави Жан-Клер Тобидо кој пристигна на „Камп Ноу“ од Тулуз во последниот ден од зимскиот преоден рок.

19-годишниот дефанзивец имаше преддоговор со Каталонците и требаше да пристигне на лето како слободен играч, но Барса му плати 1 милион на Тулуз и го донесе веднаш во своите редови.

„Среќен сум што сум тука, ова за мене е остварување на сонот. Во првите три месеци сакам да учам од играчите и да станувам се подобар. Не е важно на која позиција ќе играм, ќе го дадам најдоброто за Барса. Дојдов овде да учам од најдобрите играчи. Умтити е пример за мене, тој и Пике се меѓу најдобрите во светот“, изјави Тобидо.