Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младата ѕвезда на Барселона, Осман Дембеле повторно се најде во центарот на вниманието, откако задоцни на тренингот после мечот со Еспањол.
Ова не е прв „испад“ на Французинот, кој постојано има проблеми со дициплината, па раководството на клубот реши да го казни.
Еднаш од Барселона го суспендираа поради доцнење на тренинг, но овој пат од клубот ќе удрат по џебот на фудбалерот. Имено, Дембеле ќе треба да плати казна од 50.000 евра.
Во исто време тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде застана во одбрана на својот фудбалер.
„Знаев дека ќе ме прашате за Дембеле. Точно е, се случија некои работи, но тоа е внатрешен клупски проблем. Ова е нова ситуација и ние сакаме да му помогнеме на фудбалерот, затоа што има неверојатен талент. Сакаме да го извлечеме максимумот од него. Сепак, сите во клубот мораме да ги почитуваме правилата и истите важат и за Дембеле. И јас како фудбалер сум доцнел на тренинзи“, изјави Валверде.