Барса го договори првото големо засилување!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, Барселона го договорила трансферот на десниот бек на Бенфика, Нелсон Самедо.

Како што пренесува овој извор Бефика бара дури 50 милиони евра за својот 23-годишен дефанзивец, но Барса веќе има договор со играчот па ќе се обиде да ја намали цената.

„Миндо Депортиво“ истовремено пренесува дека Хектор Белерин бил прва мета на раководството, но десниот бек изразил желба да остане во Арсенал.

Доколку Барселона плати 50 милиони евра, Семедо ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на Бенфика, бидејќи Давид Луиз и Аксел Витсел се платени 10 милиони помалку.

„А Бола“ тврди дека двата клуба се многу блиску до договор и дека трансферот најверојатно ќе изнесува околу 40 милиони евра.