Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последните обиди на Каталонците да го спречат трансферот на Нејмар во редовите на ПСЖ можеби делуваат и по малку очајнички.
Убедувањата од соиграчите изгледа не помогнаа, поголемиот дел од фудбалската јавност смета дека натпреварот против Реал Мадрид за Нејмар беше и негов последен во дресот на Каталонците.
Веќе е познато дека Бразилецот ќе заработува 35 милиони евра по сезона, а ќе добие и 40 веднаш како бонус и таткото на Нејмар ќе инкасира неверојатна сума од комисијата, за минатото лето од Барселона и ова од ПСЖ со што тој би стигнал до заработка од 62 милиони евра.
Како и да е, за целата операција „Нејмар“ ПСЖ ќе треба да издвои пола милијарда евра, а шпанскиот гигант токму тука ја гледа шансата да го спречи како што беше наречен „трансферот на векот“.
Од управата на Барселона најавија дека спремаат тужба против ПСЖ и тоа поради финансискиот фер плеј, поточно поради заобиколување на истиот. Да потсетиме, Французите веќе беа казнувани поради такво нешто.
Стручњаците од Каталонија сметаат дека според документите кои се поднесени во УЕФА ниту еден клуб во светот не може повеќе од 200 милиони за еден играч.
После ова се шпекулира дека Барселона покрај клазулата од ПСЖ би побарала и еден играч, најверојатно Ди Марија за да се откаже од тужбата.
Сето ова изгледа неверојатно, ќе видиме како ќе се заврши целата приказна, но наводно на состанокот помеѓу Бартомеу и Нејмар, Бразилецот открил дека единствена причина поради која заминува е големата сума која му ја нуди ПСЖ.