Барса дефинитивно се откажа од Гризман, позната и причината!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона нема да ја купи големата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, пренесуваат шпанските медиуми.

Според „Марка“ претседателот на Каталонците Жосеп Марија Бартомеу донел конечна одлука и се откажал од можноста да го донесе Французинот, кој веќе објави дека го напушта Атлетико.

Шпанските медиуми пишуваат дека соблекувалната на Барселона се побунила поради доаѓањето на Гризман, па тоа е главна причина што трансферот дефинитивно „пропадна“.

Најгласни против доаѓањето на Гризман биле Лионел Меси и Жерерд Пике, кои останале разочарани од начинот на кој Французинот ги одби Каталонците минатото лето.

Барса силно сакаше да го доведе минатото лето, трансферот беше практично договорен, но Гризман се предомисли во последен момент и потпиша нов договор со Атлетико Мадрид.

Поради тоа претседателот на Барселона не сака да повлече таков ризик и да оди против волјата на двајцата највлијателни фудбалери во соблекувалната.

Другата причина поради која што Барса се откажува од Гризман е неговата голема плата од 17 милиони евра по сезона.

Сега 28-годишниот Французин се наоѓа во деликатна ситуација бидејќи објави дека заминува од Атлетико, но може да не најде клуб кој е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра.

https://youtu.be/9Auaf3Slaos