Барса даде зелено светло: Маскерано се сели во Кина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона се согласи да го пушти Хавиер Маскерано во кинескиот клуб Хабеи, потврдија денес шпанските медиуми.

Самиот Маскерано настојуваше Каталонците да го ослободат во јануари, и покрај тоа што неговиот договор истекува во 2019 година.

Сега, кога Барселона и официјално ја донесе неговата замена во тимот, колумбискиот репрезентативец Јери Мина, конечно даде зелено светло за негово заминување.

Маскерано веќе има комплетен договор со кинескиот клуб, а Барселона од трансферот ќе добие 10 милиони евра.