Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Барселона загуби против Билбао со 2:1 на првиот осминафинален натпревар од Купот, но Каталонците се жалат на судијата и тврдат дека биле оштетени на „Сан Мамеш“.
Играчите на Барселона се огорчени на судијата, а најгласен како и обично беше Жерар Пике, кој во целата приказна го вклучи и најголемиот ривал Реал Мадрид.
„Не ни досудија два чисти пенали, еден над Нејмар и еден над мене“, изјави Пике.
Во 36-та минута Адуриз го удри Умтити во лице, но судијата не го исклучи од игра.
„Но, сите знаеме како оди тоа. Видовме што се случи на натпреварот Реал и Севиља. Не е ни рв ни последен пат. Сакаме да играме фудбал, а не рулет“, грмеше Пике по натпреварот.
Играчите на Барса беа толку изнервирани од судиските одлуки, па наводно за време на натпреварот саркастично им довикнувале на судиите: „Дајте им го трофејот на Реал, немојте да се срамите“.