Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека Сингапур се подготвува за историскиот состанок помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, сингапурските барови се подготвуваат и се натпрваруваат во измислувањето на коктели во чест на оваа средба.
Во барот „Хопхедс“ ќе го служат коктелот „Броменс“, направен од пиво, текила, диетална кока кола, ликер од ориз кој се смета за национален севернокорејски пијалок.
„Одлучивме да употребиме диетална кока кола бидејќи тоа е омилениот пијалок на Трамп“, вели Карло Ибанез. Коктелот содржи 150 мл. Ашаи црно пиво, 60 мл, диетална кока кола, 20 мл. текила и 30 мл. соџу. „Броменс“ ќе биде служен само во пар, така што 2 коктели ќе чинат 15 долари, иако е малку веројатно дека Трамп ќе наздрави со Ким бидејќи не пие алкохолни пијалоци.
Во пабот „Ескобар“ ќе служат специјални пијалоци, „Трамп и Ким“. „Трамп“ е плав коктел со бурбон, а „Ким“ црвен со соџу како основа, секој по цена од 9 долари.
Американскиот претседател, Донал Трамп изјави дека во петок повторно е во план да се оддржи неговиот состанок со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун на 12. јуни во Сингапур.