Барем си е искрена: Знам дека сум родена со привилегии и треба да ги искористам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


24-годишната ќерка на брачниот пар Бил и Мелинда Гејтс, Џенифер Гејтс, во интервју за списанието Sidelines зборуваше за нејзиниот живот искрено признавајќи дека е свесна дека има привилегии што повеќето луѓе ги немаат.

„Родена сум во многу привилегирана ситуација и мислам дека поентата е да ги искористам овие можности, да научам од нив да пронајдам работи што ме интересираат и да се надевам дека ќе го направам светот малку подобро место“, изјави Џенифер за списанието Sidlines, магазин специјализиран за јавање што го прави ќерката на Гејтс уште од шест годишна вораст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sidelines Magazine (@sidelines_magazine) on

Таа исто така откри дека нејзините родители ја поддржувале во сè во текот на нејзиното растење и дека ја третирале како возрасна личност. Џенифер, исто така, зборуваше за хуманитарната работа на нејзините родители и се пошегува дека нејзината мајка некое време се грижела дека „премногу зборуваат за глобалната здравствена состојба на семејната маса“. Токму тоа, признава таа, ја поттикнало самата да се посвети на медицината. Таа додаде дека и нивното семеен педијатар имал големо влијание врз неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates) on

Денес студира медицина во Њујорк и сака да стане педијатар или општ лекар. Во 2018 година, таа дипломирала на универзитетот Стенфорд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates) on

Џенифер е најстарата од трите деца на Бил Гејтс. И покрај семејното богатство, Џенифер и нејзината сестра и брат ќе наследат само „минимален дел“.

„Моите деца ќе добијат образование и ќе треба да градат свои кариери и животни патеки. Толку пари би ги уништиле нивните животи. Тие ќе наследат минимален дел, чисто да не бидат сиромашни, и за сè друго тие треба да се борат сами“, рече претходно Гејтс, кој донира голем дел од своето богатство во добротворни цели.