Барањата на Роналдо: Договор на шест години и плата која ќе го направи најплатен во светот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалецот изгледа одлучил да бара нешто кое овој пат Реал многу веројатно нема да му го исполни.

Првата ѕвезда на Реал Мадрид од својот клуб побарал договор на шест години и зголемување на примањата на 42 милиони евра по сезона со што би станал најплатен фудбалер во светот и би добил скоро двојно повеќе од она што го заработува во овој момент.

За Реал со други зборови тоа значи дека вклучувајќи го и данокот за Роналдо годишно ќе мора да плаќа 75 милиони евра!

Доколку се вистина ваквите најави на шпанскиот медиум јасно е дека Роналдо индиректно најавува заминување, бидејќи ваквиот долгогодишен договор и астрономската плата не се реални Перез во овој момент да ги прифати.

Во некој случај доколку Перез го изненади фудбалскиот свет и ја прифати ваквата понуда Роналдо секако би станал најплатен фудбалер во светот пред Меси кој во Барселона добива 40 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на трикратниот шампион во низа на Европа истекува летото 2021 година, но веднаш после победата во финалето против Ливерпул (3:1) излезе со изјава со која најави заминување од Мадрид.