Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
89-годишниот вдовец Џо Бартли „умира од досада“ во својот дом во јужен Девон. Стариот лисец одлучил да бара работа за да ја убие досадата, па почна да работи како келнер во еден семеен локал.
Бартли бил дел од шестата воздушна дивизија и служел во Палестина после Втората светска војна. Неговата сопруга Касандра починала пред две години и Џо оттогаш живее сам.
„Немав со кого да разговарам. Откако почина таа, се преселив во стан и животот во него е како во ќелија. Како во самица“, вели Џо за Guardian.
Неговиот оглас во весниците го виделе сопствениците од барот Cantina Bar and Kitchen, па го повикаа на разговор. Сара Мартин, ко-сопственичка на барот вели дека Џо е прекрасен човек и дека без оглед на своите години, заслужува шанса.
Нема да работи ништо тешко. Барот е место каде луѓето доаѓаат за да се напијат пијачка и да помуабетат со некого, а Џо би можел да биде тој. Во огласот напишал дека е осамен старец кој бара работа на половина работно време, за да не умре од досада.
Ова не е единствена понуда за работа која ја добил Џо. Сите работодавци биле воодушевени од неговиот оглас и неговата одлука повторно да почне да работи на 89 години.