Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот претседател на САД, Барак Обама, минимално преправен како Дедо Мраз, без најава со посета ги изненади децата во една болница во Вашингтон.
На болните дечиња во здравствената установа тој им подели подароци.
„Само сакам на сите да им се заблагодарам. Имав можност да разговарам со прекрасни деца и со нивните семејства. Како татко на две девојчиња, можам да претпоставам дека во оваа ситуација е најважно да имате лекари и сестри кои се грижат за вашите најмили, бдеат над нив и ги држат за рака“, изјави Обама.
Судејќи по гласниот аплауз на насобраните луѓе во болницата, популарноста на поранешниот претседател сè уште не е намалена меѓу народот, пренесува Washington Post.