Бараат откуп: Хакери го украдоа последното продолжение од „Пирати од Карибите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хакерите тврдат дека го украле претстојниот филм од серијалот „Пирати од Карибите“, во продукција на Walt Disney, и дека се закануваат со прикажување на истиот на интернет доколку студиото не им ја исплати откупнината која ја бараат.

Боб Ајгер, извршен директор на Walt Disney, изјави дека хакерите порачале оти имаат пристап до филмот и дека ќе го прикажуваат во сегменти доколку компанијата не им ја исплати откупнината во биткоинти, пренесува Hollywood Reporter.

Тој не сакаше да го каже точниот наслов на филмското продолжение, но нагласи дека компанијата одбила да го плати откупот и дека сега соработуваат со федералните истражни органи.

На сајтот Deadline.com објавено е дека станува збор за филмот Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales, кој претставува најново продолжение од оваа филмска франшиза во која главната улога ја има Џони Деп. Премиерата е најавена за 25 мај.