Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради документарниот филм „Leaving Neverland“, наследниците на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, ќе ја тужат телевизиската продукција на НВО на сума од 100 милиони долари како обештетување.
Овој филм кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал „Sundance“, на големо задира во темата за неговата наводна сексуална злоупотреба на малолетници.
Семејниот адвокат тврди дека Мајкл е невин и дека екипата од НВО не ја испитале и истражиле прописно материјата за која снимиле документарец. Тој тврди дека тие не ги провериле целосно сите факти, туку само го финансирале и продуцирале филмот во кој говореа две жртви кои претходно, под заклетва, изјавија пред семејството од Џексон и полицијата дека меѓу нив и Мајкл ништо не се случило.
Во документарецот кој трае четири часа, фокусот е ставен на обвинувањата за сексуално злоставување на Вејд Робсон и Џими Сејфчак, кои датираат од ’80-те години од минатиот век, кога тие биле на 7 и 10-годшна возраст. Тие тврдат дека кралот на поп музиката во замена за секс им давал колачиња, а тврдат и дека пејачот одглумил и венчавка со еден од нив.
И покрај најавата за тужба, од НВО изјавија дека ќе продолжат да го емитуваат филмот. Иако семејството тврди дека меѓу НВО и Мајкл Џексон постоел договор според кој не смеат да го обвинуваат и клеветат неправедно од НВО велат дека тие наводи не се точни.
„И покрај сите очајнички обиди филмот да не се прикажува, нашите планови остануваат непроменети. Тоа на гледачите ќе им овозможи сами да го проценат документарецот и тврдењата за него“, велат од НВО.
Документарецот на оваа кабелска телевизија ќе се емитува во два дела, на 3 и 4 март. Секој дел ќе трае по два часа.