Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планетарно славната израелска манекенка Бар Рафаели ќе биде водителка на овогодинешното издание на „Песна за Евровизија“ кое ќе се одржи во Тел Авив оваа недела. Но, нејзината татковина ја обвинува убавицата дека ѝ должи на државата околу 2 милиони евра поради затајување на данок.
Рафаели ќе мора да плати 30.000 евра судски трошоци, објави израелското Министерство за правда. Убавицата е обвинета дека не ги пријавува во целост своите милионски заработки во Израел и во странство. Супермоделот изјави дека во спорниот период од 2009 година, не престојувала во Израел.
Таа наводно плаќала многу ниска наемнина за својот скап стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил и бил даден за нејзината работа.
Бар Рефаели, освен со нејзината импресивна и успешна модна кариера на планетарно ниво, светска слава стекна и со љубовната врска со познатиот холивудски актер и заводник Леонард Ди Каприо. „Евросонг“ фестивалот ќе го води заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.