Банкомат не му е рамен: Роналдо за четири и пол часа заработи 1,1 милион евра

роналдо
Роналдо: Побогат од банкомат

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот, и првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо е побогат за 1,1 милион евра (920,000 фунти), по само четири и пол часа рекламна кампања.

Популарниот Португалец, сопственик на знакот CR7, за фото сесија, две референци на своите страници на социјалните мрежи, како и потпис на пет фудбалски дресови, од фирмата „Mobily“ од Саудиска Арабија доби 920.000 фунти (1,1 милион евра). А сето тоа го заврши за само четири часа и 30 минути.

Не би било добро сега да се пресмета колку на просечен човек му е потребно да заработи толку пари, бидејќи Роналдо не е просечен жител на оваа планета, туку е најпопуларниот човек по бројот на следбенеци на социјалните мрежи и единствен спортист кој има повеќе од 100 милиони следбеници.