Бандерас се бори за своето здравје: „Не сакам да живеам како веќе да сум мртов“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зад славниот холивудски актер и латино заводник, Антонио Бандерас, е тежок и мачен период. Бандерас пред две години преживеа инфаркт кој го загрози неговиот живот и сериозно го наруши неговото здравје.

Иако првично се чинеше дека проблемите кои ги има со срцето не се сериозни, набрзо се покажа дека здравјето му е прилично нарушено.

„Го знаев тоа и претходно, но тогаш тоа јасно го видов пред себе – смртта беше стварна“, изјави подоцна Бандерас за The Guardian.

Поради тоа трауматичо искуство, актерот коренито го промени начинот на живот.

„Престанав да пушам. Почнав да спортувам. Пијам лекови кои ми ги препорачуваат лекарите. Мислев дека помалку ќе работам, но тогаш одлучив дека не сакам да живеам на тој начин, бидејќи ми недостигаше мојот живот“, објасни Бандерас.

„Понекогаш се жалам дека морам да запрам и да одморам малку, но после два дена жив се јадам заради тоа“, признава актерот, додавајќи дека заморот му е неизоставен сопатник во животот.

„Умореноста е моја природна состојба. Добро се снаоѓам во тоа“, додава тој.

„Не сакам да живеам како веќе да сум мрто. Сакам да живеам, па ако умрам – тоа е тоа“, заклучи Бандерас.