Вебкафе

Балканско лудило: Хрватски усташи нападнале српски ватерполисти во Сплит (видео)

Тројца ватерполисти на српскиот ватерполо клуб „Црвена Звезда“ беа нападнати во Сплит, на крајморското шеталиште, пред нивниот натпревар со сплитски „Морнар“ во рамки на регионалната.

Ватерполистите на Црвена Звезда седеле во кафуле во Сплит, келнерот ги препознал по амблемите на клубот и побарал да ги соблечат маиците по што ги нападнале играчите на клубот.

Двајца играчи успеале да побегнат, но голманот Александро Краљ, по потекло црногорец, се спасил од накрвените усташи скокајќи во море. Краљ не излегувал од морето сè додека не дошла полиција.

Неколку совесни граѓани на Сплит му помогнале на Краљ, други го навредувале со зборовите : тој е четник, нека се удави!

Краљ, кој скокна во море за да се спаси од линч, мина најтешко со видливи расекотини и скршен нос, Душан Васиќ добил удари со палица во грб додека Милош Максимовиќ бил удрен со метална шипка во ногата.

Како што јавуваат медиумите од Хрватска, тројца хулигани се приведени утринава по нападот на српските ватерполисти.

Полицијата потврди дека се трага по уште двајца напаѓачи кои во организирана акција ги нападнаа ватерполистите на Црвена Звезда .

Најпопуларно

To Top