Балканските медиуми: Унгарија му го одобри азилот на Груевски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека македнските служби го спремаат барањето за екстрадиција на осуденот Никола Груевски за да ја издржува казната затвор во Македонија, унгарските и албанските медиуми пренесуваат дека Унгарија веќе му одобрила азил на Груевски и тоа експресно.

Како што пишува провладиниот весник „Маѓар Идок“, а утрово пренесуваат повеќе онлајн портали, унгарските власти вчера донеле одлука за барањето на македонскиот премиер. Со оглед на брзината со која е одлучено, тешко е да се верува дека барањето на Груевски е одбиено. Засега нема официјална потврда на ваквата информација, но споменатиот весник важи за добро информиран гласноговорник на владините политики.

Унгарија позитивно одговорила на барањето на екс премиерот Никола Груевски за азил, јавува албанската агенција ИНА повикувајќи се на свои извори во кацеларијата за миграции на Унгарија.

Според информациите кои ги објави ИНА,  Груевски добил азил врз основа на барањето кое го поднел во амбасадата на оваа европска земја во Тирана, Албанија.