Балканскиот Ханибал Лектор: Сериски убиец од кого стравуваат и затворските чувари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Горан Котаран, сериски убиец од Дубица, Босна и Херцеговина, во 2006 година беше осуден на 16 години робија, а казната ја издржува во КПЗ Фоча.

Се зборува дека таму сите имаат страв од него, почнувајќи од останатите затвореници, па до стражарите и обичните посетители кои доаѓаат на посета во затворот.

„Тој е осуденик кого стражарите посебно го пазат. Во ќелијата е сам, а поради безбедност на останатите затвореници ќелиите околу неговата се празни. Речиси половина ходник е изолиран поради него. Затворениците раскажуваат дека убиствата за кои е осуден се само дел од злосторствата кои ги има направено. Го викаат Монструмот од Дубица, но и Ханибал Лектор“, вели извор до затворот Фоча за српски Курир.

Таткото на Горан, Душан Котаран е познат е како своевремено еден од шефовите на дубичкото подземје со чие име, неофицијално, се поврзува и трговија со бело робје. Има сомнежи дека и поради тоа е убиен во декември, 1999 година, во кафеана во Дубица, а на убиството сведочел и неговиот син Горан.

После смртта на таткото, Горан заминува за Шведска, со неполни 17 години, кај својата мајка. Таму извршува две убиства, но после психијатриските прегледи е депортиран во БиХ, со дијагноза психички нестабилно лице. Бидејќи не бил хоспитализиран, за неговата состојба и однесување сведочела баба му Стана.

Во јуни, 2006 година, заедно со своите двајца полубраќа по мајка, Мирослав Глигиќ (30) и Борислав Дабиќ (24), Горан е уапсен под сомнение дека ги задавил Предраг Врбан (31), познат како Педи Лопов, и Сеад Кануриќ (49), познат како Стево Муцави, а нивните тела ги сокрил во својот кокошарник. Оваа тројка во босанска Дубица ја апсела чета од сто полицајци.

После нивното апсење, Министерството за внатрешни работи до Република Српска ја претресува куќата од Которанови, во која се пронајдени два пушкомитралези, две автоматски пушки, две зољи, три бомби и повеќе пиштоли, ладно оружје, уреди за ноќно набљудување, алат со кој биле закопани телата од Кануриќ и Врбан, како и 490 таблети екстази и шприцеви за интравенозно земање наркотици.

Кога била изречена пресудата, Котаран побарал само една желба – да биде подложен на ново психијатриско вештачење, од психијатар со кој би можел да комуницира.

„Јас сум болна личност и ако во наредните 16 години во затвор ми биде овозможено лекување, на слобода ќе излезам нормален“, изјави Которан. На судењето изјавил дека тој бил нормална личност сè додека пред негови очи не го убиле неговиот татко.