Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Регионот фаќа сеир и се смее на краткото видео за карантинот во Србија, кое беше објавено на YouTube.
Во триминутниот филм ,,Национална географија – Србија во карантин” , Србите се споредуваат со животни кои живеат во дивина и се борат за свој, но и за опстанок на нивниот подмладок. Се споменува дека најстарите примероци на хомосапиенсот во Србија не смеат да ги напуштат своите засолништа со одлука на владејачките елити, така што тие зависат од волјата на помладите генерации.
Зад филмот е Милош Милаковиќ, кого публиката низ целиот Балкан го запозна во хумористичната серија ,,Дневник’.
„Горд сум на овој мал проект. Извинете на англискиот јазик”, им порача тој на гледачите.