Балканот на дното: Еве кои Европјани имаат највисоки плати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можеби некому ќе му звучи малку парадоксално (а не треба), ама на Стариот континент, највисоки примања имаат жителите кои живеат во земјите што не се членки на Европската унија.

Од друга страна, балканските земји се наоѓаат речиси на самото дно според платите во европски контекст. Вакви податоци донесоа резултатите од истражувањето на „Еуростат“.

На самиот врв се Швајцарија со просечна месечна плата од 4.370 евра, втор е Исланд со 3.568, а трета Норвешка со 3.310 евра. Од земјите членки на ЕУ, просечната плата е највисока во Данска – 3.309 евра, следува Луксембург со 3.159, па Шведска со со 2.570… Германците, пак, имаат просечна плата од 2.270 евра.

Најниски плати во Европа имаат Молдавците – 212 евра, а малку пред нив се Украинците со 240 и Белорусите со 337. Според тие податоци, на Балканот убедлив лидер е Словенија со просечна плата од 1.077 евра, следува Грција со 917, Хрватска со 827, Романија со 535, Црна Гора со 512, Србија со 460, Бугарија со 457, БиХ со 445, Албанија со 378, Македонија со 376 евра.