Балканот и светот паметат – 27 години од рушењето на Стариот мост во Мостар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред 27 години, на 9 ноември, 1993 година, во Мостар беше срушен култниот Стар мост кој ги поврзуваше двете страни на познатиот град во БиХ. Во 10 часот и 16 минути, после константно гранатирање од страна на ХВО, делови од славниот мост паднаа во водите на Неретва. Раните, сеќавањата и болката и денес се живи и присутни меѓу жителите кои ја преживеаја таа човечка безумност и колективно лудило кое ги тресеше просторите на бившите ЈУ простори, а не е замрено и денес.