Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот шпански моден бренд „Баленсијага“ ги надмина сите граници на нормалното, па и ненормалното, со новата линија долна облека.
За црни гаќи со логото на брендот, ќе платите 110 евра, а потоа не ќе можете да ги перете, бидејќи се премногу „скапоцени“ за обична машина за перење. Единствен начин да ги одржувате, за да не добиете некоја бактерија на интимните делови од ваклани гаќи, е да ги однесете на хемиско чистење, пренесува британскиот „Сан“.
„Органски памук, низок струк и удобен крој. Ластик околу половината со логото на брендот”, пишува на веб-страницата на „Баленсијага”.
Ако и покрај тоа се обидете „да се направите паметни“, и скапите гаќи ги исперете со остатокот од гардеробата, треба да имате на ум дека производителите се спремни и на тоа, па нема да ви направат замена на артиклот.
Потенцијалните купувачи се предупредени: „Овој производ не може да се врати од хигиенски причини“.
Но, дамите и добро поминаа ако се земе предвид дека цената на машките боксери надминува 200 евра по пар.